СДА ќе бара промена на името на Република Српска

Од:

Партијата за демократска акција (СДА) на поранешниот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, планира да иницира правна постапка за промена на називот на српскиот ентитет во БиХ, Република Српска, со оценка дека со тое име се „дискриминираат Бошњаците и Хрватите“.

Како што јави сараевската телевизија Фејс, СДА планира преку своите претставници во државните институции да иницира постапка пред Уставниот суд на БиХ за преиспитување на уставноста на иметот на српскиот ентитет.

Според партијата, долгогодишната пракса на органите на власта на Република Српска покажала дека сегашното име на ентитетот „интензивно и ефикасно се користи за дискриминација и исклучување на другите два конститутивни народи“ во БиХ, Бошњаците и Хрватите.

СДА смета дека во една мултиетничка заедница, врзувањето на некое име за само еден народ е во спротивност со Уставот на БиХ и на Европската конвенција за човекови права.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Унгарија нема да гласа за санкции против избраните претставници на Република Српска

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

Додик: Нов договор или мирно да се разделиме

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски

Полициски специјалци пред Палатата на Република Српска во Бања Лука

Горан Наумовски

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година