Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово се договорија за заедничка влада

Од:

Партиите победнички на вонредните парламентарни избори во Косово, Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) успеаја денеска да го постигнат конечниот договор за формирање заедничка влада, која ќе ја води лидерот на ВВ Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Извори од двете досега опозициски партии изјавија за медиумите дека во текот на денот, во преговори далеку од очите на јавноста, е надмината и последната пречка за формирање коалициска влада, со тоа што Глаук Коњуфца од ВВ ќе се повлече од функцијата претседател на Собранието на Косово и ќе ја отстапи на ЛДК, најверојатно на потпретседателката на таа партија Вјоса Османи.

Најавено е дека лидерите на двете партии, Албин Курти и Иса Мустафа, договорот за коалициска влада ќе го официјализираат во текот на утрешниот ден.

Што се однесува до функцијата претседател на државата, околу која исто така имаше доста „пазарења“ меѓу двете партии, договорено е за неа да се одлучува кога ќе му истече мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи, во април 2011 година.

Седницата на која ќе се гласа за предлогот на Курти, кој го доби мандатот за состав на новата влада како лидер на партијата победничка на изборите од 6 октомври, е закажана за в понеделник, 3 февруари, во 11 часот.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски