Самоопределување: Хоти ја поништи границата меѓу Косово и Србија

Од:

Шефот на пратеничката група на косовската опозициска партија Движење самоопределување (ВВ), Реџеп Селими изјави дека со потпишувањето на последниот договор со Србија во Вашингтон, премиерот Авдулах Хоти ја поништил границата меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Селими, со договорот за економска стабилизација, што го потпиша со српскиот пртседател Александар Вучиќ, во присуство на претседателот на САД Доналд Трамп, Хоти извршил тешко прекршување на Уставот на Косово.

– Косово има три вида граници. Оние со државите кои го признаваат. Втората категорија се границите, односно граничните точки кои ги делат Косово и Србија и третата е сега посебната граница, онаа во Мердаре, на која се реферираат како на заедничка точка. Прифаќањето на поништувањето на границата претставува тешко прекршување на Уставот од страна на Хоти, изјави Селими на денешната прес-конференција.

Поранешниот министер за внатрешни работи од редовите на најголемата опозициска партија во Косово, Џељаљ Свечла се осврна на најавеното заживување на Заедницата на српски општини во Косово, порачувајќи дека ВВ нема да дозволи тоа да се случи.

Договорот за формирање на Заедницата, потпишан во 2015 година во Брисел, според Свечла е штетен за државата и оспорен од Уставниот суд на Косово.

– Не само што е противуставен, туку е и неспроведлив. Целиот народ знае дека тој договор е штетен и ние ќе ја браниме одлуката на Уставниот суд од секого, па и од Хоти, порача Свечла.

Косовскиот премиер Хоти, по последната рунда преговори со српската страна, што неделава се одржаа во Брисел, најави дека набргу ќе се пристапи кон реализацијата на догворот за Заедницата на српски општини. Потпишувањето на овој договор во 2015 предизвика остри реакции на ВВ и големи протести на приврзаниците на партијата предводена од Албин Курти.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ