Самит Кина-Централна и Источна Европа во Белград

Од:

Во Белград утре ќе започне дводневниот Самит на Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа, кој ќе се одржи под мотото „Нови мотори, нова сила, нова платформа“.

На овој трет собор во овој формат, најавено е учество на околу 1.350 владини претставници и бизнисмени од Кина и Европа, меѓу кои ќе биде и кинескиот премиер Ли Кечијанг.

Покрај учеството на Самитот, Ли ќе оствари и официјална посета на Србија, со што ќе стане прв кинески премиер што го посетува Белград по 28 години.

Самитот, што ќе се одржи во белградскиот „Сава центар“, ќе го отворат Ли и премиерите на Србија и Полска, Александар Вучиќ и Ева Копач. Се очекува Копач во обраќањето да најави и формирање на заеднички мешовит економски комитет на Кина и земјите од Централна и Источна Европа, чие седиште би било во Варшава.

На форумот ќе се претствата голем број кинески компании заинтересирани за инвестирање во регионот, а ќе се одржат и три тематски панел диксусии.

На маргините на собирот се очекуваат и голем број билатерални средби на владините претставници-учесници на Самитот.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија