Сакаларопулу: Членството на Бугарија во Шенген не треба повеќе да се одложува

Од:

Грција смета дека Бугарија ги исполнила однапред поставените критериуми за членство во Шенген, изјави грчката претседателка Катерина Сакеларопулу на прес-конференција откако бугарскиот претседател Румен Радев и го додели највисокиот Орден Стара Планина со лента за нејзините заслуги во развојот на билатералните односи меѓу Бугарија и Грција, јави дописникот на МИА од Софија.

Според неа, тоа го потврдува и повторената оценка на Европската комисија.

Претседателката на Грција е во официјална посета на Бугарија на покана на Румен Радев.

Според Сакеларопулу, членството на Бугарија во Шенген зоната не треба повеќе да се одложува. Грција доследно и непоколебливо го поддржува пристапувањето на Бугарија кон Шенгенскиот договор, рече таа.

Бројните актуелни предизвици бараат зајакнување на европското семејство и демонстрација на солидарност во рамките на земјите членки на ЕУ и Бугарија во овој случај, коментира грчката претседателка во Софија.

Сакеларопулу додаде дека проблемите треба да се решаваат со дијалог, а земјите што не се согласуваат да се согласат со претседателот Румен Радев дека Бугарија и Романија ги чуваат европските надворешни граници.

Би можело да ве интересира

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Македонија