Саимир Тахири: Албанија не е имуна на тероризмот

Од:

По терористичките напади во Брисел во вторникот, албанската полиција ја подигна својата готовност и презеде серија безбедносни мерки, што меѓу другото вклучува и зголемен број полициски патроли и строги контроли на тиранскиот аеродром, јави дописникот на МИА.

Албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири синоќа изјави дека Албанија, како и секоја друга земја е во опасност од тероризмот, но оти „нема место за паника“.

– Вистина е дека дека сме во опасност од тероризам, онолку колку и другите земји. Но,колку време сме биле во состојба да извезуваме борци за странски боишта, сигурно дека тоа е една ситуација, од каде таквата опасност може да ни се врати. Но,од друга страна нема место за паника, смирува Тахири.

Тахири упати апел до албанскиот претседател Бујар Нишани, што поитно да го потпише указот за стапување во сила на законот за „дополнителни мерки за јавната безбедност“, кој предвидува поставување безбедосни камери на јавни места.

Што се однесува до евентуален миграциски бран во Албанија, Тахири вели дека земјата е подготвена за секое сценарио со мигрантите, иако нејзините капацитети се ограничени.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек