САД побараа истрага за глорификацијата на хашките осуденици и малтретирањето на повратници во Република Српска

Од:

Американските власти ги повикаа властите во Босна и Херцеговина да ги истражат сите случаи на глорификација на лица осудени за воени злосторства, како и малтретирање на повратници во Република Српска, за време на прославата на 9 јануари, Денот на РС, кој Уставниот суд на БиХ го прогласи за неуставен.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс рече дека властите во БиХ мора веднаш да реагираат кога станува збор за истрагата за глорификацијата на лицата осудени за воени злосторства.

„Ги повикуваме надлежните органи веднаш да ги анализираат овие инциденти и да ги повикаат одговорните лица на одговорност“, соопшти Стејт департментот.

Сараевские медиуми пренесуваат дека САД се многу добро запознаени за бројни инциденти, кои вклучуваат „говор на омраза и глорификација на воени злосторници“.

– САД се добро запознаени со случаите кои вклучуваат говор на омраза, глорификација на воени злосторници и провокации против повратниците во ентитетот РС, се вели во соопштението.

Коментирајќи го присуството на руски и кинески дипломати на прославата на Денот на РС, Прајс рече дека „додека кинеските и руските претставници учествуваа во дестабилизирачките церемонии, САД донираа 96.000 дози вакцини против коронавирус на Босна и Херцеговина“.

Би можело да ве интересира

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска

ВИДЕО: Ноќните волци на Путин учествуваа на парадата во Бања Лука

Во Република Српска 50.000 домаќинства се без струја

Горан Наумовски

Република Српска ги прекинува евроинтеграциите

Закана: Без нова источна интерконекција нема ниту Јужна интерконекција во Босна

Предраг Петровиќ

Нов тест и криза: Собранието на Српска можно е да му забрани на Милорад Додик да оди во Судот на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ