САД ги повика Белград и Приштина да постигнат договор

Од:

САД заедно со Европската унија и високата претставничка, Кетрин Ештон ги поттикнуваат Србија и Косово да продолжат со напорите и преговорите за договорот со кој ќе се нормализираат нивните односи.

Официјално лице на Стејт департментот на дописникот на „Танјуг“ во Вашингтон му изјавило дека двете страни утре ќе се сретнат во Брисел и дека САД во потполност ќе продолжи да го поддржува дијалогот под водството на Ештон и ЕУ.

-Го поздравуваме водството кое што го покажаа двата премиера и остануваме кон ставот да им помогнеме да најдат решение, кое не само што ќе биде од корист за нивните народи, туку и за целиот регион – изјави американскиот функционер.

Тој повтори дека САД силно ја поддржуваат европската перспектива за Србија и Косово, истакнувајќи дека заменикот на помошникот на државниот секретар Филип Рикер го посети Брисел за да ја подвлече поддршката која Америка и понатаму ќе ја пружа.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во српскиот парламент: Шок бомби, солзавец и тепачки

Катерина Ѓуровски

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

А1он

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград