Ружиќ: Состанокот на Дачиќ и Тачи ќе помогне за примена на договорот

Од:

Состанокот помеѓу премиерот на Србија Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи може да допринесе за напредок во приближувањето на ставовите на двете страни, што ќе овозможи почеток за примена на бриселскиот договор, истакна шефот на пратеничката група СПС, Бранко Ружиќ.

-Фактот дека Дачиќ и Тачи ќе разговараат оди во прилог на тоа дека некои разминувања може да се надминат и да започне имплементацијата на договорот-изјави тој.

Според него состанокот помеѓу двајцата премиери ќе го започне процесот за заеднички интерес. Србија е во интерес да добие датум, но и Приштина има свои интереси- нагласи шефот на пратеничката група СПС.

-Ако можевме да дојдеме до договор кој е комплексен, тогаш сум сигурен дека можеме да дојдеме и до одржлив модел за започнување на имплементацијата-истакна тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија