Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

Од:

На Роман Перл, руско-израелски хонорарен новинар ангажиран во заедничкиот проект на Гласот на Америка и Радио Слободна Европа „Актуелности“, му беше забранет влез во Србија на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, пренесува Н1.

Новинарот слетал во Белград во саботата на 8 јуни и бил запрен на пасошка контрола. Како што изјавил Перл за Н1, тој чекал осум часа на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград за да му биде врачено решение за забрана за влез во земјата.

„Ништо не ми објаснија на аеродромот, само ми дадоа хартија на која пишуваше дека мојот влез во Србија ќе биде безбедносен ризик“, изјави новинарот за Н1.

Како што вели, смета дека причина за ваквата одлука е неговата работа. Имено, Перл дошол во Србија и минатата година, кога снимил документарен филм за Србија и руската агресија во Украина. За време на снимањето на таа емисија, неговиот соговорник Дејан Новаковиќ го развиорил украинското знаме на улицата, во близина на руската амбасада.

Припадник на полицијата им пришол додека Перл снимал и му се обратил со зборовите: „престани да снимаш“. Потоа, според новинарот, припадниците на полицијата ги однеле во полициска станица.

„Поминавме неколку часа таму, а потоа ни рекоа дека сме слободни“, изјавува Перл во својот документарен филм снимен во Белград.

За Н1 вели дека се избришани сите снимки што тогаш им ги посочила полицијата.

Полицијата тогаш не покрена никаква пријава, посочува тој.

Овој пат, додава тој, во Србија дошол како турист.

„Мојата посета не беше за новинарство или политика“, вели Роман Перл.

Перл е автор на документарниот филм „Европска унија или Русија: Со кого ќе застане Србија“ како дел од серијата „Опасна близина“, поради што руските власти го означиле како странски агент во октомври 2021 година.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари