Руската вакцина против Ковид-19 пристигнува во Србија неделава, земјата е заинтересирана да ја произведува

Од:

Србија до петок ќе добие 20 дози од руската вакцина против коронавирусот „Спутник 5“, наменети за лабораториски испитувања и контрола, најави денеска премиерката Ана Брнабиќ, која преку видеоконференција се сретнала со министерот за трговија на Русија, Денис Мантуров.

Министерот потврдил дека пратката со 20 вакцини за лабораториски намени ќе пристигне во Србија до крајот на неделата.

Според Брнабиќ, Владата работи на тоа граѓаните на Србија да имаат достапна вакцина против коронавирусот што е можно побрзо.

Целта, според премиерката, е граѓаните да можат да бираат која вакцина ќе ја примат, во согласност со препораките на надлежните здравствени институции во Србија.

Брнабиќ наведе и дека земјата е заинтересирана да ја разгледа можноста заеднички да ја произведува руската вакцина против вирусот.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он