Русија го прозва Хаг за смртта на Ратко Малдиќ: Манифестација на антисрпската пристрасност

Од:

Руското Министерство за надворешни работи се огласи по веста за смртта на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.

Од Москва порачаа дека Русија во повеќе наврати укажувала оти Младиќ во Хаг бил подложен на несоодветен третман.

„Руската страна доследно укажуваше дека судењето на Младиќ во Хаг и условите во кои беше притворен беа проследени со непочитување на неговите основни права, вклучително и правото на здравје и соодветна медицинска грижа. Случајот на Младиќ, без оглед на основните фактички околности, беше очигледна манифестација на двојните стандарди на Трибуналот и антисрпската пристрасност“, соопшти руското МНР.

Од руското министерство додаваат дека „наследникот“ на Хашкиот трибунал, Механизмот за меѓународни кривични трибунали, кој де јуре престана да постои на 1 јули, продолжил со истата политика.

„Со години на правните застапници на генералот им беа ускратувани целосни и соодветни медицински информации за неговата здравствена состојба, а независни лекари, во реалноста, а не само формално, немаа пристап до Младиќ. Бројни барања за негово привремено ослободување заради лекување во Русија или Србија беа одбиени“, наведуваат од Москва.

Одлуките на судот да не го ослободи Младиќ од хуманитарни причини ги оценија како „канибалистички“.

„Само оваа година, претседавачот на Механизмот, Гати Сантана, неколкупати одби да го ослободи терминално болниот пациент од хуманитарни причини, бесрамно наведувајќи ја потребата да се покаже ‘меѓународна осуда’ на постапките на Младиќ. Последната од овие канибалистички одлуки беше донесена неодамна“, се наведува во соопштението.

Според руското МНР, во случајот со Младиќ „примерниот карактер на казната секогаш имал приоритет пред хуманитарните причини, кои се важен дел од меѓународната правда“.

„Намерното занемарување на основните правила на непристрасност и правичен третман кон осудениците од политички причини засекогаш ќе остане дел од незавидното ‘наследство’ на Механизмот, кој ја сноси целосната одговорност за она што му се случи на Ратко Младиќ. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на починатиот“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Почина Ратко Младиќ

Горан Наумовски

Блумберг: Русија размислува за засилување на ракетните напади врз Украина

Захарова: Британски воени објекти и техника може да бидат цел на руски напад

„Политико“: Ретклиф ја предупреди Русија за Балтикот и за Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Луѓе скокаa од прозорци во Харковскиот регион за да избегнат изгореници од рускиот напад

САД го губат вселенскиот примат, Русија и Кина сè поблиску во новата трка

Горан Наумовски