Рудари се забарикадираа во рудник во БиХ со барање за оставка на раководството

Од:

Околу сто рудари се забарикадирани во рудникот „Ѓурѓевиќ“ во гратчето Живинице во источна Босна и Херцеговина, барајќи оставка на раководството.

Рударите, кои се наоѓаат на длабочина од 120 метри, веќе втор ден одбиваат да излезат од јамата и се закануваат дека ќе почнат штрајк со глад, доколку не биде исполнет нивниот ултиматум.

Протестот го почнаа рударите кои беа прва смена на работа, а потоа кон нив се приклучија уште три смени.

– Рудникот во моментот е полн со рудари, изјави денеска лидерот на синдикатот на рудари Синан Хусиќ.

Тој истакна дека повод за штрајкот е одбивањето на раководството на рудникот да ја исполни спогодбата, постигната меѓу Владата и рударите, за воведување нови правила за заштита при работа и за зголемување на платите.

Рудникот за јаглен „Ѓурѓевиќ“ дејствува под капата на државната електроенергетска компанија „Електростопанство“. Во рудникот работат над илјада лица, кои произведуваат окочу 600 илјади тони јаглен годишно за потребите на термоелектрана „Тузла“.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина