РСЕ: Европскиот парламент со Резолуција ќе побара од Србија да воведе санкции кон Русија

Од:

Европскиот парламент ќе ги повика со Резолуција новоизбраните власти во Србија „да покажат вистинска посветеност на вредностите на Европската унија и да се усогласат со одлуките и позициите на ЕУ во надворешната и безбедносната политика, вклучително и со санкциите против Русија“, соопшти Радио Слободна Европа (РСЕ) која имаше увид во таа резолуција, а чиј автор е известувачот за Србија, Владимир Билчик, јави дописникот на МИА од Белград.

Според нацрт-резолуцијата, ЕП ќе изрази жалење поради фактот што Србија не се ускаладила со санкциите на ЕУ по руската инвазија на Украина, пренесува РСЕ.

Се додава дека европратениците се „длабоко загрижени“ поради ширењето на дезинформации за руската агресија врз Украина и затоа ги повикуваат српските власти и Европската комисија да ја поддржат инфраструктурата за борба против дезинформациите и другите хибридни закани.

Европскиот парламент со Резолуција ќе ги повика српските власти да дејствуваат против глорификацијата на осудените воени злосторници и да престанат со секоја реторика и дејствија што го поткопуваат интегритетот на соседните земји и ја загрозуваат регионалната стабилност и помирувањето.

ЕП изразува жалење поради континуираниот притисок врз судството и јавното негирање на пресудите за меѓународни воени злосторства и го повикува новоизбраното мнозинство да ги зајакне гаранциите за независноста и ефикасноста на судството како приоритетно прашање.

Во врска со неодамнешните претседателски и парламентарни избори во Србија, во нацртот се поздравува зголемениот одѕив на гласачите и враќањето во плуралистички парламент, но се изразува жалење за силно поларизирана политичка средина на кампањата која се карактеризирала со ограничен медиумски плурализам и притисок врз гласачите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Принц од Врање оди на Евровизија

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба