Ромпуј: Советот одлучи да отвори преговори со Србија

Од:

Европскиот совет одлучи да отвори преговори за члченство на Србија во Европската унија, објави на Твитер претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј.

– Денеска Европскиот совет одлчи да отвори преговори за Србија за членство во Европската унија, наведе Ромпуј.

rompujtwittw

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ изјави дека одлуката на Европскиот Совет е конечна, историска, но и дека Србија не е најзадоволна.

Седницата на владите на сите 28 членки ќе биде одржана најдоцна до јануари.

Дачиќ рече дека одлуката не само што е конечна, туку нема никакви дополнителни услови.

-Тоа го најавив уште вчера, кога ми се јави по телефон Ван Ромпеј, да не запознае со предлогот, рече Дачиќ, и истакна дека „предлогот е денеска позитивно променет“.
-Денеска се отворени преговори, нема дополнителни услови и нови состаноци на Европскиот совет, одлуката е конечна, изјави Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари