Ромпуј го поздрави договорот меѓу Словенија и Хрватска

Од:

Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј го поздрави договорот потпишан денеска меѓу Словенија и Хрватска за решавање на меѓусебниот банкарски спор.

Овој договор претставува значаен датум во односите меѓу Хрватска и Словенија, како и во односите двете држави кон ЕУ, наведува Ван Ромпуј во сопштение денеска објавено во Брисел.

Словенија и Хрватска потпишаа договор за решавање на меѓусебниот банкарски спор, со што се надминува пречката, која се закануваше да го блокира приклучувањето на Хрватска кон ЕУ.

Хрватска се очекува да се приклучи кон ЕУ на 1 јули, а денешниот договор го отвора патот за Словенија да го ратификува договорот за приклучување на Хрватска кон ЕУ до овој датум.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија