Рита Ора на поштенска марка во Косово

Од:

Косовската поп-пејачка со светска слава, Рита Ора ќе биде на поштенска марка што ќе ја објавата Поштите на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Марката со ликот на Рита Ора, која живее и твори во Велика Британија, косовската пошта ќе ја пушти во оптек утре, 26 ноември, на нејзиниот 32-ри роденден.

– Во изминатите повеќе од една деценија на највисоките врвови на светгската музичка и уметничка сцена, таа ја користеше секоја прилика преку нејзината слава да ја промовира својата родна земја, Косово, како и сиот албански народ. Таа беше инспирација за многу млади да ја следат и да ги претворат во реалност нивните сништа и отаде границите на албанските територии, објави директорката на Поштите на Косово, Факете Кадриу.

Рита Ора е родена во Приштина како Рита Сахатчиу, а нејзиното семејство се иселило во Лондон во 1991 година, кога таа имала една година. Нејзиниот голем подем на светската музичка сцена започна во 2012 година, кога со синглот „Жешко во моментов“ (“Hot Right Now”) се искачи на првото место на британската и на многу други топ-листи.

Би можело да ве интересира

Фановите ја „нападнаа“ Рита Ора

ВИДЕО: Уште една снимка од Рита Ора, нејзината мајка јавно и се извини

ВИДЕО: Рита Ора за време на настап се завитка во српско знаме, по бурните напади се правдаше: Мислев дека е унгарско

Рита Ора казнета во Лондон, организирала журка со 30 луѓе среде карантин

Жарко Настоски

Македонски хакери ги срушија сајтовите на Дуа Липа и Рита Ора

Искра Манојлоска

Рита Ора по стапките на Дуа Липа: Ставете го Косово на мапата

Искра Манојлоска