Рикер за Топ-чанел: Да се запре со националистичката реторика

Од:

 Заменик помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер јасно стави до знаење дека пораката на негoвата посета на Тирана е да се стопираат националистичките тонови.

– Оваа националистичка реторика нe вознемирува сите, нe вознемирува нас и ЕУ. Ова е мојата порака. Ние отворено и јавно ќе зборуваме, бидејќи сме сојузници, изјави Рикер во емисијата „Топ стори“ на тиранската телевизија Топ-чанел.

Тој нагласи дека Албанија треба да се фокусира на исполнувањето на препораките на ЕУ за да добие кандидатски статус.Зборувајќи за парламентарните избори кои во оваа земја ќе се спроведат на 23 јуни  Рикер рече дека овие избори се многу значајни за иднината на земјата.

– Овие избори се значајни за Брисел, ќе го дадат тонот на следните сто години на Албанија. Не е битно кој ќе победи, битно е тие да бидат демократски, изјави Рикер.

Рикер кој во Тирана допатува синоќа и денеска  ќе се сретне со шефот на албанската држава,Бујар Нишани, со премиерот Сали Бериша, со министерот за надворешни работи, Едмонд Панарити и со лидерот на опозициските социјалисти, Еди Рама.

Во фокусот на разговорите на високиот американски функционер со лидерите на албанската политика ќе бидат последните случувања во земјата, како и парламентарните избори закажани за 23 јуни годинава.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски