Резерви од опасен материјал во фабриките

Од:

Зад оградите на фирмите во трансформација и во стечај, според проценките, се наоѓаат околу 300.000 тони опасен отпад, вели за „Данас“ Синиша Митровиќ.

Според советникот во Комисијата за животна средина и одржлив развој на Стопанската комора на Србија, овој историски отпад е евидентиран, утврдено е во каква состојба се наоѓа и сега треба да се најдат средства за негово отстранување, дел во земјата, дел во странство.

– Чистењето на компаниите како крушевачката „Жупа“, „ЕИ Ниш“, „Зорка“ од Шабац и „Прва искра“ од Бариќ од резерви на опасен отпад, е основен предуслов за нив да се заинтересираат странски инвеститори. И секако, конечно да почне решавањето на овој проблем, кој се таложи со години и на кој се сеќаваме само во случај на хаварија, рече Митровиќ.

Има општествено одговорни компании, како НИС или „Фиат“, доволно профитабилни да можат да го складираат отпадот, но дека многу фирми ја избегнуваат обврската еднаш годишно да пријават количина на складиран отпад, чекајќи финансиски подобри денови кога ќе бидат во можност да го отстранат.

На сето ова треба да се додаде и опасниот отпад складиран по домовите, од електронски и електрични уреди, батерии, па се до лекови на кои им е истечен рокот на употреба. Се смета дека на српскиот пазар годишно се пласираат и до 80.000 тони електрични и електронски уреди. Значи, од прилика иста количина повеќе не е во употреба и претставува отпад.

Митровиќ истакнува дека прашањето за опасниот опад е прашање од национална безбедност и дека државата мора да најде најдобар модел за негово отстранување.

Србија, додаде тој, се уште нема центар за физичко-хемиски третман, иако е тоа обврска пред влезот во ЕУ, а по 2019 година опасниот отпад повеќе нема да можеме да го извезуваме.

– За сега во Србија постои само една депонија на опасен отпад, во смедеревската „Железара“, додека на пример Унгарија има дури 46 места за палење на опасен отпад, кои се во приватна сопственост, наведе Митровиќ и додава дека основањето на центар би ги намалило трошоците на нашите фабрики, бидејќи извозот е скап.

Тој проценува дека Србија годишно закопува 50 милиони евра во депонии со тоа што несоодветно го складира отпадот кој може да се рециклира или да се искористи како енергент.

Данас – Белград

 

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија