Република Српска официјално ги прекина сите контакти со американската и британската амбасада во Босна

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека овој ентитет ги прекинува сите контакти со персоналот на американската и британската амбасада во Босна и Херцеговина.

Додик тоа го направи, како што вели, како одговор на оние кои се подготвени да „фрлаат осиромашен ураниум“.

„Денеска на седница на Владата решивме да прекинеме секаков контакт со персоналот на британската и американската амбасада. Ова е нашиот однос кон оние злосторници кои се подготвени да користат осиромашен ураниум“, рече Додик, коментирајќи ја најавата дека Лондон би испратил оружје во Украина кое содржи осиромашен ураниу.

Mинатата недела Додик објави дека на состанокот на владејачката коалиција во РС е договорено да се донесе одлука што ќе ја усвојат Владата на РС и Народното собрание на тој ентитет за прекин на контактите со амбасадите на САД и Велика Британија во БиХ.

Тој тогаш како причина ги наведе „антидејтонските активности на американските и британските дипломати и амбасади, како и нивното мешање во внатрешните работи на БиХ“.

Додик, инаку, во неколку наврати непримерно зборуваше за американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Мајкл Марфи.

Би можело да ве интересира

Додик: Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен

Горан Наумовски

Република Српска во вонредна состојба во очекување на пресудата за Додик

Обвинителот бара затвор за Додик и 10-годишна забрана за политичка активност

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Додик: Босна и Херцеговина нема шанси да преживее

Додик: Нарушени ми се човековите права, дискриминиран сум и лажно обвинет