Во Словенија во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 12.772 случаи на коронавирус, што е зголемување за 47 отсто во однос на минатата недела, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).
Според НИЈЗ, стапката на регистрирани случаи за 14 дена на 100.000 луѓе се зголеми од 5.620 на 5.982 денес, при што седумдневниот просек на дневни случаи за прв пат надмина 11.000, објави словенечката новинска агенција СТА.
НИЈЗ проценува дека моментално има околу 126.000 активни случаи во земјата.