Реката наречена „албанска марихуана“ не пресушува

Од:

Марихуана во големи колични, произведена во Албанија, во изминатите денови е запленетета во неколку соседни земји.

Грчката полиција во близина на Игуменица во текот на вчерашниот ден запленила 200 килограми марихуна, што ја шверцувал албанскиот државјанин, кој и претходно бил осудуван во Грција за исто кривилно дело. Дрогата тој ја транспортирал по морски пат, со чамец а потоа истата била натоварена во две возила.

Грчката полиција, во две други оддлени акции запленила 234 килограми марихуана. Во едната акција запленила 135 килограми при што уапсен е албански државјанин. Дрогата била откриена при рутинска контрола на 32 километри од преминот Какавија во камион кој транспортирал камен. Во втората акција, кај Јанина запленети се 99 килограми.

Во Италија запленети се 51 килограм марихуана и уапсен е албанки државјанин со неговата девојка од Молдавија. Дрогата, чија вредност се проценува на 80 илајди евра, била во две торби во багажникот на возилото во кое биле двајцата.

52 килограми марихуана се запленети во близина на албанско-црногорската граница, кај Скадарско Езеро и уапсени се тројца албански државјани.

Иста количина на марихуана е запленета и во Косово, додека на албанско-македонската граница кај Дебар албанската гранична полиција спречи шверц на 122 килограми марихуана, која требало да биде пренесена во Македонија.

Инаку, само во текот на овој месец албанската и полициите на соседните земји имаат запленето десеттина тони марихуана.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек