Река: Остануваме цврсто на одлуката дека проблемот со ПЈРМ треба да се реши

Од:

Движењето Река на вчерашниот состанок на политичкиот совет одлучи дека останува во опозиција, но паралелно не ја менува одлуката донесена на Конгресот дека проблемот со името треба да се реши.

-Река на секој начин опозициски ќе биде против владиното мнозинство. Изнудувањето на глас за доверба беше со користење на сите стари партиски методи на рушвет и тоа е удар на демократијата. Во исто време нашето движење останува цврсто на одлуката на Конгресот дека проблемот со ПЈРМ треба да се реши и Грција треба да биде протагонист во отворањето на европскиот пат за соседната земја, се главните заклучоци од синоќешниот состанок на политичкиот совет на кој присуствуваа лидерот Ставрос Теодоракис, пратениците и европратениците од Река.

Едногласно било заклучено дека партијата во патриотските прашања не се поставува размислувајќи на партискиот интерес, ниту менува ставови врз основа на околностите.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент