Регистрирани нови седум смртни случаи од сезонски грип во Грција

Од:

Од почетокот на сезоната, односно од октомври минатата година, заклучно со 16 февруари 2020, 60 лица починале од грип во Грција, а за една седмица биле регистрирани седум нови смртни случаи, според грчката Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

Во седмичниот извештај за периодот 10–16 февруари 2020 се забележува тренд на намалување, како на смртните случаи, така и на посетите во болница на лица со симптоми на сезонски грип, со оглед на тоа дека претходно, за две седмици бројот на починати достигна до 30 лица, по 15 секоја седмица.

Од починатите 60 лица, на возраст од 4 до 91 година, 57, односно 95 отсто припаѓаат на високо ризична група за која се препорачува вакцинирање од грип.

Според истите податоци од Националната организација за јавно здравје, за една седмица, 17 лица биле примени во болница, со што бројот на хоспитализирани на интензивна нега почетокот на октомври 2019, се искачи на 195 лица.

Би можело да ве интересира

Грција: 99 нови случаи и шест нови жртви од коронавирусот

А1он

Грција воведе нов систем за издавање електронски рецепти за лекови

А1он

Пецас: Ако биде потребно, пред Велигден ќе ги затвориме патарините

Ана Ололовска

Поддршка и солидарност од Грција до Италија – подигнато италијанското знаме на Парламентот и МНР

Ана Ололовска

За 5,3 отсто намален бројот на бегалци и мигранти на грчките острови во првото тримесечје од 2020 година

Ана Ололовска

Анкети: Грците загрижени за ширењето на коронавирусот, но задоволни со мерките на владата

Ана Ололовска