Речиси половина од Црногорците не би се вакцинирале против Ковид-19

Од:

Речиси половина од граѓаните на Црна Гора, поточно 47 проценти, не би се вакцинирале кога вакцината против Ковид-19 ќе биде достапна, покажа истражувањето на агенцијата Ипсос.

Како што е наведено, близу две петтини или 38 проценти би се вакцинирале, додека 15 проценти не знаеле или не сакале да одговорат на прашањето.

Вкупно 49 отсто од испитаниците сметаат дека вакцините треба да се избегнуваат затоа што можат да предизвикаат други болести и да имаат несакани ефекти, додека 43 проценти воопшто не се согласуваат со таа изјава.

Во исто време, 79 проценти веруваат дека вакцините се меѓу најдобрите пронајдоци на медицината и дека многу заразни болести се искоренети благодарение на нив.

Истражувањето, исто така, покажа дека нешто повеќе од две петтини од граѓаните, 42 проценти, посочуваат дека ги применуваат сите три мерки за спречување на ширењето на вирусот – одржување на физичка дистанца, носење маски и миење раце.

Податоците покажуваат дека 82 проценти од испитаниците никогаш не примиле вакцина против сезонски грип, додека скоро петтина, или 18 проценти, примиле.

Истражувањето е направено на репрезентативен примерок од 825 граѓани на возраст од 18 години и повеќе во периодот од 17 до 20 октомври годинава, а се реализираше со поддршка на УНИЦЕФ и Британската амбасада во Подгорица.

Би можело да ве интересира

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“