Рама: Земјите од Западен Балкан денес се во многу подобра состојба од претходно, но ЕУ има проблеми

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека земјите од Западен Балкан се во многу подобра состојба од деведесетите, но Европската унија е таа која има проблеми сега.

– Тоа е како некој вид балканско проклетство. Кога ЕУ беше во најдобра состојба, ние бевме во најлоша. Сега, кога ние сме во најдобра состојба, ЕУ има проблеми, рече Рама на конференцијата во организација на групата Пријатели на Европа во Брисел, алудирајќи на распадот на Југославија во 90-те.

Според него конечно регионот се сврте кон помирување и соработка, на основа на стандардите и барањата на ЕУ, но предупреди дека доколку перспективата за членство во ЕУ започне да бледнее, тогаш работите може да тргнат во погрешна насока.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан