Рама за случајот во Грамш: Смешен настан, но нивната вистинска цел мора да се дознае

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама денеска за првпат го коментираше инцидентот во поранешната фабрика за оружје во Грамш, кај Елбасан, во кој беа уапсени двајца руски и еден украински државјанин под сомнение за шпионажа.

Истиот го оцени како смешен, но, сепак, додаде „нивната вистинска цел мора да се дознае“.

Да се смееш или да плачеш, рече тој, објаснувајќи дека објектот повеќе не е од посебно значење.

Според него, смешно е да се фотографираат остатоци од комунизмот, но нагласи дека треба да се посвети значење на тоа која била вистинската цел на тројцата странци.

-Немав можност да се произнесам во оваа насока иако министрите дадоа објаснувања. Маглата подигната над предметите од особено значење беше за плачење и смеење. Тие не се предмети од посебно значење, ниту фабрики кои произведуваат оружје. Тие беа декласифицирани како објекти во 2012 година. А всушност имаат статус на друштво со ограничена одговорност, со прогласен стечај, објекти кои се без струја. Да се каже дека се шпионира со фотографирање на тие остатоци од комунизмот е прилично смешно, рече Рама.

Додаде дека она што ги загрижува е кои се вистинските намери на овие луѓе.

-Шпионска мисија што се појавува во спортски автомобил е малку смешна. Останува на истрагата да открие повеќе. Нашата грижа е каде е вистинската цел, освен да се создаде оваа магла која на крајот на денот служеше да поттикне конфузија. Обичните луѓе многу се исмејуваа со ова. Што се крие зад целиот овој спектакл? се запраша Рама.

На 19 месецов беа уапсени руските државјани Светлана Тимофоева и Михаил Зорин и Украинецот Фјодор Михајлов.

Тие во 17:30 часот биле забележани во близина на старата напуштена фабрика, која ја обезбедувале само двајца војници, кои во обид да ги спречат да влезат биле нападнати.

Од обвинителството во Елбасан се товарат ” за напад на службено лице и шпионажа, извршени во соработка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек