Рама за Б92: Голема Албанија е застарен мит

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за Б92 вели дека Голема Албанија е застарен мит за кого не се залага ниту еден албански политичар.

– Нашиот проект е Голема Европа со Србија и Албанија. Голема Албанија е застарен мит кој нема никаква врска со нас. Покажете ми барем еден доказ за тоа во мојата кариера или кај кој и да е друг албански политичар, што би докажало залагање за Голема Албанија, изјави Рама

Како што вели Рама, зачуден е од фактот дека некој во Србија бил провоциран од ставот дека Косово е независна држава, одделна од Албанија.

– Мене ми е фасцинирачко тоа што вас ова ве провоцира. Тоа не е нешто што јас сум го сонувал, тоа е реалноста. Многу држави со кои Србија соработува, го признаа Косово како независна држава. Би било добро и Србија да ја признае таа реалност. Ова не е за навредување или богохулење, туку реалност, нагласи Рама.

Тој додава дека е убеден оти Албанија и Србија можат да отворат ново поглавје во меѓусебните односи.

– Јас затоа сум тука. Јасно ми е дека не мора и не може да се согласиме околу се. Изнесов неколку работи околу кои постои несогласување. Секако, треба да се земат предвид и српските ставови, вели Рама во интревјуто.

Инаку, Рама и неговиот домаќин Александар Вучиќ и покрај создадената ситуација синоќа вечерале заедно со уште неколку министри.

Рама денеска е во посета на Прешево, а според медиумите на враќање за Албанија ќе престојувал и во косовскиот град Гњилане.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент