Рама во Прешево дочекан со овации

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Прешево беше дочекан со овации од присутните граѓани, пренесува Танјуг.

Граѓаните на Прешево, кои го исполнија главниот плоштад го дочекаа Рама со албански знамиња и силна музика, а претходно низ градот беа поставени билборди „Добредојде премиере“.

presevoRama1

Посетата на Прешево Рама ја почна во општината каде на вонредна седница пратениците на општинскиот парламент планираат да го прогласат за почесен граѓанин. Потоа тој ќе се обрати пред граѓаните пред Домот на културата и ќе се сретне со бизнисмени и матуранти од Прешево.

На зградата на општина Прешево е истакнато државното знаме на Србија и локалната управа, а на плоштадот пред општината нема никакви други национални симболи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент