Рама во писмо до Лукашенко изрази загриженост за состојбата во Белорусија

Од:

Претседавачот со ОБСЕ, премиер и министер за Европа и надворешни работи на Албанија, Еди Рама и министерката за надворешни работи на Шведска, Ана Линд, земја која ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ, следната година, го повториле предлогот за медијација со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Во писмото, чија копија АФП ја добила од извори блиски до албанската Влада, се наведува дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа, ОБСЕ внимателно и со загриженост ги следи настаните во Белорусија.

„Како актуелен и иден претседавач на ОБСЕ, од блиску, многу внимателно и со загриженост ги следиме случувањата во Белорусија. Ние сакаме да ја повториме нашата понуда за посета, да ги слушнеме гледиштата за ситуацијата и да разговараме за актуелните предизвици во земјата. Белорусија е ценет член на нашата организација и ние сме подготвени да ја покажеме нашата поддршка за Белорусија, се додава во писмото.

Покрај ова, албанскиот премиер деновиве оствари 30-минутен телефонски разговор со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

„Рама и Лавров разговараа за ситуацијата во Белорусија во контекст на предлозите на албанското претседавање со ОБСЕ да придонесат за дијалог меѓу власта и опозицијата, соопштени руската амбасада во Тирана.

Според истиот извор Рама во улога на претседавач со ОБСЕ изразил подготвеност да го посети Минск и да разговора со сите страни, вклучени во конфликтот. Лавров истакнал дека е од суштинско значење на белоруските граѓани да им се овозможи сами да ги решат своите проблеми.

Во недостиг на информација од кабинетот на Рама, соопштението на руската амбасада следуваше откако дел од албанските медиуми пренесоа дека Лавров го информирал Рама дека Русија ја поддржа потребата од интервенција на ОБСЕ за решавање на кризата.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Белорусија ја обвини Литванија дека ги финансирала силите за соборување на владата во Минск