Рама: Русија влегува во осаменост, гласот на Србија го унифицира Западен Балкан со Западот

Од:

Донесувањето на Резолуцијата од страна на Генералното собрание на ОН, со која се осудува руската агресија врз Украина ја поздрави албанскиот премиер Еди Рама, оценувајќи дека „Русија влегува во осаменост, а гласот „против“ на Србија го унифицира Западен Балкан со Западот”.

– Вкупно 141 земја ја казнуваат Русија со својот глас во ОН против агресијата врз Украина. Русија влегува во период на најголема осаменост во својата историја со само четири ултрадиктаторски држави кои се на нејзина страна. Гласот „против“ на Србија го унифицира Западен Балкан со Западот, напиша Рама.

Реагираше и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, оценувајќи го изгласувањето на Резолуцијата како историски ден за мирот.

Тој на Твитер напиша дека светот е обединет и одлучен да застане на страна на Украина, за да ги „одбрани вредностите и начелата кои не одржуваат обединети”.

– Ова е историски ден за мирот, поголемиот број земји членки на ОН гласаа за да се запре непровоцираната и неоправдана руска агресија. Светот е обединет и одлучен за да ги одбрани вредностите и начелата кои не држат обединети, напиша Баша.

Претходно изгласувањето на Резолуцијата ја поздрави шефот на албанската држава, Илир Мета, оценувајќи дека тоа е значајна дипломатска победа за слободата и мирот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија