Рама повторно остар кон ЕУ: Кандидатскиот статус е еден вид таблета против депресија

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама за емисијата „Talking Europa“ на France 24 задржувајќи се на преговорите и самитот во Брисел, вели дека Албанија не е таа што направила бавен процес кон ЕУ, туку Европската Унија е таа што го забавила напредокот на овој процес.

Кандидатскиот статус во ЕУ тој го опишува како „еден вид антидепресивна таблета за зајакнување на моралот на земјите“, но смета дека е во „право да ги признае Украинците како нација што прават многу за нас, зашто тие спречуваат најмногу да напредува страшна контра-реформа во светот што Путин сака да ја наметне“.

Додава дека повеќе не е фрустриран, туку е тажен поради неуспехот на ЕУ да го исполни ветувањето дадено на Албанија и Северна Македонија.

-Не е Албанија која бавно напредуваше кон ЕУ, туку ЕУ забави. Не сум фрустриран, туку многу тажен поради неуспехот на Европската унија да го исполни ветувањето дадено на Албанија и Северна Македонија, нагласува Рама.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пристигнаа реакциите на клучните играчи од ЕУ по пресвртот на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

Европската унија спреми прв одговор за Трамп, објавени детали

Катерина Ѓуровски

Филипче во Брисел побарал европските социјалдемократи да помогнат за проширувањето на ЕУ

(ВИДЕО) Европската унија е формирана за да им направи штета на САД

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нејма јасен пат во овој хаос, последиците ќе бидат страшни – Фон Дер Лајен најави контрамерки

Катерина Ѓуровски