Рама: Поплавени се 590 куќи, евакуирани 32 семејства во поплавите

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на социјалните мрежи реагираше во врска со состојбата со поплавите во државата и обвинувањата на опозиција дека вода се испушта од акумулациите, а се увезува струја.

Пишува дека сите структури се подготвени да се справат со ситуацијата, а одговара и на обвинувањата дека продолжува да увезува енергија и покрај поволната хидрологија на каскадата на реката Дрим, каде постојат три хидроелектрани.

-Сите структури, од силите за цивилна вонредна состојба, воените трупи, државната полиција, вработените во енергетскиот систем, локакните власти, соодветните министри се на терен дењонооќно. За жал паралелно продолжува поплавата на каналите за комуникација со медиумите со клевета, разни обвинувања и шпекулации, наведува Рама.

Додава дека „најголемиот тек на дезинформации доаѓа во однос на увозот на енергија и успуштањето вода од акумулациите”.

– Вистината е дека КЕШ увезува струја врз основа на договор од 11 ноември, бидејќи според сите временски прогнози се очекуваше состојбата со врнежите да се интензивира дури напладне на 20 ноември, а доколку не беше увезена, резервите на енергија би биле на историски минимум, загрозувајќи го самото нормално снабдување со енергија, посочува Рама.

Според него мо моментов сите 9 агрегати на ХЕ „Коман” и ХЕ „Вау де Дејес” работат под полн капацитет, но поради екстремно високиот дотек, 4000 кубни метри вода во секунда кои доаѓаат од реката Дрим мора да се испушта дел од водата со отворање на портите на браните, за да се гарантира нивната безбедност.
Дел од водата се акумулира во акумилацијата “Фиерза” која е втора по големина на Балканот, со што се подобрува и енергетската резерва.

Во северниот дел на државата, каде состојбата е најтешка поплавени се 2405 хектари земјиште и 590 куќи, евакуирани се 32 семејства со 139 членови кои се сместени дел во интернати дел кај нивни роднини.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек