Рама: Положивме тежок тест со поплавите, новата хидроцентрала „Скавица“ ќе ги реши проблемите

Од:

Албанскиот премиерот Еди Рама во врска со состојбата со обилните врнежи од дожд и поплавите во повеќе делови во земјата оцени дека справувањето било „успешно положен тежок тест“, отфрлајќи ги обвинувањата на шефот на државата и опозицијата за несоодветно справување со проблемот.

Успешно положениот спит, како што рече, е резултат на инвестициите на стратешки начин на неговата влада а не за „изборни цели,како некој што правеше“.

-Ситуацијата беше критична од Скадар до Вјоса и справувањето беше послободно да се дише, како и да се извлечат лекции за да се види што можеме да направиме подобро. Состојбата со поплавите во минатото и денес е неспоредлива, ни од далеку не може да се споредат бројките и фактите а тоа е поврзано со нашата работа, зашто она доаѓа од горе не е во наши раце, но колку ние долу можеме да го олесниме тоа е во наши раце, рече Рама,ветувајќи отштета како и во претходните поплави.

Тој смета дека со изградбата на хидроелектраната „Скавица“ ќе бде надминат проблемот со поплавите.

-Прашањето за каскадата на Дрим е поврзано со досегашната неизградба на ХЕ „Скавица“.Таа ќе биде реалност следниот мандат со што ќе биде надминато чувството на страв од испуштање на вода од трите ХЕ на

каскадата. Но, дотогаш продолжуваме со управувачкиот предизвик, рече Рама.

ХЕ„Скавица“ ќе се гради на реката Дрим, во непосредна близина на албанско – македонската граница кај Дебар.

Гледано одделно во трите години кога имало најголеми поплави, најголема површија или 14. 280 хектари се нашле под вода во декември 2010 година, потоа во јануари 2000 кога биле поплавени 11.400 хектари, додека овој месец 4.080 хектари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек