Рама отпатува за САД за договор за анти-ковид вакцини

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама отпатува за Соединетите Американски Држави заради средби со производителите на анти-ковид вакцината.

Веста ја објави Рама преку Твитер каде што напиша дека нема да остави „непомрднат камен со цел вакцината да започне да пристигнува во Албанија што е можно побрзо“.

-Обезбедувањето на вакцината што е можно поскоро е приоритет на нашата борба против невидливиот непријател и нема да оставиме непомрднат камен со цел вакцината да почне да доаѓа во Албанија што побрзо. Контактите очи в очи со прозводителите на вакцината е во прилог на оваа цел. На пат кон Соединетите Држави, напиша Рама.

Албанија планира набавка на 1.140.000 вакцини за што ќе бидат потрошени 3,9 милиони долари. Според Владата овој број вакцини ќе биде наменет за 20 отсто од популацијата и се предвидува едно лице да добие две дози од вакцината.

Вера пак, министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу најави дека владата е ангажирана во неколку насоки.

-Направивме неколку чекори, преку директен и финансиски ангажман со Ковакс. Извршивме предвремена уплата за да можеме да стигнеме до вакцината. Направивме проценка во неколку насоки со структурите на ЕУ за пристап до вакцината, но исто така и преку самите земји, изјави министерката.

Таа исто така рече дека се набавени 100.000 брзи тестови и оти тестирањето со нив ќе почне в понеделник во Тирана, како главно жариште на болеста, а потоа и во другите делови во земјата, за што дополнително ќе бидат набавени 300.000 брзи тестови.

Би можело да ве интересира

Повторно раст на новозаразени со Ковид-19 во Албанија, надлежните апелираат за имунизација

Албанија ги укина сите анти-ковид мерки

Катерина Ѓуровски

Плеврис: Не се покренува прашањето за рестриктивни мерки за Солун и поширокиот регион

А1он

Во Црна Гора нови ковид мерки, приоритет вакцинацијата

А1он

Во Албанија пристигнаа 100 илјади дози вакцини „Астра зенека“ донација од Грција

Албанија не планира укинување на полицискиот час