Рама: Најлошото со пандемијата е зад нас

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама е убеден дека најлошото со пандемијата на коронавирусот веќе поминало.

– Верувајте ми, го оставивме најлошото зад нас, го имаме најдоброто пред нас. Албанија се насмевнува, истакна Рама.

Во меѓувреме и податоците на Министертвото за здравство и социјална заштита потврдуваат намалување на бројот на новозаразени во првите два дена од оваа година.

– Во изминатите 48 часа направени се 2.883 тестови, при што позитивен резултат е добиен кај 675 лица, што е 23,4 отсто од тестираните. Истовремено, борбата со опасниот вирус ја загубија девет пациенти. Во списокот на оздравени се внесени 719 лица додека во четирите ковид болници се третираат 293 паценти, 21 на интензивна терапија, од нив петмина се интубирани, се наведува во збирниот дводневен извештај на Минстерството.

Премиерот Рама во петокот информираше дека се обезбедени првите 500.000 дози на вакцината од компанијата Фајзер, а првите 10.750 вакцини од овој договор ќе пристигнат на почетокот на третата недела од јануари. Прво, рече тој, ќе бидат вакцинирани здравствените работници во Албанија, како и оние во ковид болницата во Приштина.

Би можело да ве интересира

Повторно раст на новозаразени со Ковид-19 во Албанија, надлежните апелираат за имунизација

Албанија ги укина сите анти-ковид мерки

Катерина Ѓуровски

Плеврис: Не се покренува прашањето за рестриктивни мерки за Солун и поширокиот регион

А1он

Во Црна Гора нови ковид мерки, приоритет вакцинацијата

А1он

Во Албанија пристигнаа 100 илјади дози вакцини „Астра зенека“ донација од Грција

Албанија не планира укинување на полицискиот час