Рама: Кандидатот за нов шеф на државата нема да биде од нашата парламентарна група

Од:

По состанокот на претседателството на албанските владејачки социјалисти, партискиот лидер и актуелен премиер Еди Рама изјави дека на оваа средба, покрај другото разговарале околу кандидат за нов шеф на државата.

Тој информираше дека се наближува процесот за избор на претседател и увери дека кандидатот што ќе го предложи ПС нема да биде од пратеничката група на оваа партија.

-Вечерва се собравме за спроведување на одлуките што ги донесовме на конгресот и потоа ќе го свикаме Националното собрание на крајот на првата недела од мај. Како што разговаравме за идентификација на претседателот на републиката, деновите минуваат и процесот се наближува. Да имавме лице за кандидатура ќе го објавевме. Ги собравме предлозите и она што денеска јавно го кажуваме е дека кандидатот нема да биде од нашата пратеничка група, рече Рама.

По вечерва донесената одлука на социјалистите од игра за претседател на државата отпаѓа Линдита Никола(57), претседателка на парламентот. Нејзиното име се сметаше за најсигурен кандидат, кој би можел да добие поддршка и од опозицијата, бидејќи е почитувана универзитетска професорка.

Како што претходно кажа Рама, кандидат може да биде и Албанец роден надвор од матичната земја, но, кој 10 години живеел во земјата.

Првиот круг на гласање за нов претседател во албанскиот Парламент ќе се одржи на 10 мај а до 27 истиот месец треба да заврши целата процедура. Мандатот на актуелниот Илир Мета завршува на 24 јули.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски