Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

Од:

Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Силвио Гонзато, денеска во Тирана на премиерот Еди Рама му го предаде Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година.

На заедничката прес-конференција со амбасадорот Гонзато, премиерот Рама изрази големо задоволство што денеска земјата добива многу позитивен извештај „најпозитивен од сите овие години, бидејќи таков е напредокот на државата“.

-Овој октомври е посебен, бидејќи пред неколку недели во Луксембург се одржа Втората меѓувладина конференција на Албанија со ЕУ, за отворање на преговорите за првата група од 8 поглавја и критериуми. На конференцијата, како што знаете, беше потврдено признавањето од страна на сите институции и земји на ЕУ за напредокот постигнат од Албанија во исполнувањето на условите за оваа фаза од преговорите за членство во ЕУ, а сè што е кажано и направено е истакнато во новообјавениот извештај од Европската комисија, рече Рама.

Нагласи дека „извештајот е пореален и поизбалансиран, и бидејќи ги препознава сите напори и постигнатиот напредок, точно ги означува чекорите што треба да се преземат понатаму, како и прашањата на кои мора да се фокусираме со цел да се исполнат условите за членство и во презентацијата на амбасадорот беше многу јасно што треба да се направи во оваа нова фаза од процесот“.

-Се разбира, овој процес е тековен процес, но секој кој навистина сака да разбере и научи каде е денес Албанија во сите области, треба да го прочита овој извештај, бидејќи никаде на друго место нема да најдат попрецизна анализа на моменталната ситуација на земјата, рече Рама.

Амбасадорот Гонзато рече дека планот за затворање на сите поглавја од преговорите меѓу Албанија и Унијата во 2027 година може да се постигне доколку се работи.

-Планот за членство до крајот на 2027 година е амбициозен, но може да се постигне доколку се работи. Албанија може да успее да ги отвори сите поглавја до крајот на 2025 година, рече Гонзато додека на премиерот Рама му го предаде извештајот за напредокот на Европската комисија за 2024 година.

Сепак, тој рече дека политичката клима во земјата го попречува напредокот во вистинската насока.

-Што се однесува до политичкиот критериум, извештајот ја оценува функцијата на институциите како делумно задоволителна, главно поради политичкиот поларитет, рече тој.

Во извештајот на ЕУ за напредокот на Албанија, меѓу другото се наведува дека е забележан напредок со реформите, јакнење на владеењето на правото, дека СПАК напредувал во борбата против организираниот криминал и перењето пари, со што се доближил до законодавството на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Трета жртва од пукањето во Скадар