Рама го осуди палењето на српските знамиња во Тирана

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама вечерва реагираше на палењето на српското знаме од демонстрантите на протестот во Тирана.

Рама рече дека за време на неговата посета во Белград биле закачени албански знамиња и потсети дека, иако едно било запалено, сторителите веднаш биле уапсени.

„Нека се срамат тие што го направија ова, а не јас и мојата влада, кои имаме поддршка од Албанците да работиме, да се развиваме, и трпиме оцрнување од „старите лопати“ на албанската политика“, рече Рама.

Албанските екстремисти вечерва запалија и ги уриваа српските знамиња во Тирана, додека поранешниот премиер Сали Бериша од говорница ја нападна иницијативата „Отворен Балкан“ и Србија.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он