Рама: Фасцинантно ми е што се чувствувате испровоцирано

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека му е „фасцинантно“ што во Белград е сфатена како провокација неговата изјава дека независноста на Косово е реалност, која Србија треба да ја прифати.

– Фасциниран сум што тоа може да ве испровоцира, не ни сонував. Тоа е реалност. Многу држави со кои соработувате го признаа Косово. Мислам дека и за Србија би било добро да ја признае реалноста, бидејќи се е готово – рече Рама во интервју за телевизија „Б92“.

Тој додаде дека во Србија дошол со цел двете држави да отворат ново поглавје во односите и дека не верува во недостаток на волја за развивање на пријателство.

-Јасно е дека не мора да се согласиме за се, но изнесов ставови за кои не постои усогласеност- рече Рама.

На прашањето како ја толкува идејата за Голема Албанија тој рече дека тоа е „застарен мит“.

– Покажете ми барем еден доказ, не само оној кој што е поврзан со мојата кариера, туку и со кариерата на кој било албански политичар, кој би поткрепил дека се залага за идеја за „Голема Албанија“. Идејата за „Голема Албанија “ е застарен мит, кој нема врска со нашите цели. Наша цел е голема Европа, со Србија и Албанија во неа- истакна албанскиот премиер.

Тој додаде дека Албанија во потполност го почитува територијалниот интегритет на Србија.

– Би сакал рака под рака да одиме заради иднината на нашите деца и да ги спречиме страдањата кои ги почувствуваа родителите на тие деца. Ајде да го оставиме минатото зад нас. Нашата иднина е во Европа и треба да покажеме дека сме зрели, дека сме во можност да ги совладаме разликите, дека можеме да соработуваме, за да ги победиме непријателите. А наши непријатели се невработеноста, јавниот долг, изолацијата – наведе Рама.

Во врска со гостувањето на српските фудбалери во Албанија, каде што фудбалските репрезентации во октомври 2015 година би требало да го одиграат натпреварот за квалификации за Европското првенство, тој истакна дека е сигурен дека српските фудбалери ќе бидат добредојдени и дека никој нема лошо да ги третира.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент