Рама демантира дека ЕУ ќе го врати визниот режим за Албанија

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама ја демантираше веста дека ЕУ ја разгледува можноста за враќање на визниот режим за Албанија, оценувајќи ја истата како лажни „трач муабети“ од таборот на опозицијата.

Преку објава на Твитер Рама пишува дека сите знаат кому во Албанија му е воведена виза (мисли на Сали Бериша кој е прогласен за непожелен од САД и Велика Британија), притоа нагласувајќи дека нема никаква можност да се вратат визите за Албанија.

-Сите знаат кому му е воведена виза во Албанија. Никој не треба да се чуди бидејќи се шират гласини дека ЕУ ќе го врати визниот режим! Нонграта нема шанси да се отстрани, визите тешко дека ќе се вратат и рубљата опозиција( се однесува на информациите дека демократите добивале финансиски средства од Русија) до последен здив нема да се откаже. РубљаЧорба, напиша Рама.

Опозициската Демократска партија објави дека Чешката Република, земјата која претседава со ЕУ до крајот на годината, побара враќање на визниот режим за Албанија и за Србија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Да бидеме дел од ЕУ пред да ги спроведеме сите реформи

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето

Рама: Приштина да не презема никакви чекори без консултација со САД

Рама: Историски момент е утрешниот избор на прв премиер Албанец во Македонија

Катерина Ѓуровски

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Рама: Планот за раст на Западен Балкан е голем тест на зрелоста што треба да го поминеме

Горан Наумовски