Рама: Албанија заради Отворен Балкан ќе ги укине сите царински такси за Косово

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама попладнево изјави дека Албанија ќе ги укине сите царински такси за увозот од Косово, почнувајќи од земјоделските производи, јави дописникот на МИА од Приштина.

За време на неговата посета на фабрика за производство на брашно во Ораховац, Рама изјави пред медиумите дека Албанија не сака „еден Отворен Балкан без такси, а во него да не биде опфатено и Косово“.

– Ние напрвивме план за укинување на таксите и ќе ги укинеме целосно. Би сакале тоа да биде билатерално со Косово, но ние секако ќе го направиме. Тие побараа повеќе време за да анализираат, но ние ќе ги укинеме таксите за сé што доаѓа од Косово… Од друга страна, тоа треба да го направи и Косово, но доколку на косовската влада ѝ треба повеќе време за да простудира, ние тоа секако ќе го направиме. Затоа што ние не сакаме да имаме еден Отворен Балкан без такси, а во него да не биде опфатено и Косово. Тоа е бесмислено, изјави Рама.

Албанскиот премиер допатува попладнево во Косово поради утрешната заедничка седница на косовската и албанската влада, што ќе се одржи во Приштина.

Ова е осма заедничка седница на владите на Косово и Албанија, а првата беше одржана во јануари 2014 година во косовскиот град Призрен.

Би можело да ве интересира

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

БЕСА бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“

На иницијатива на Ковачевски Скопје, Белград и Тирана на еден ден ќе ги отворат меѓусебните граници

Ана Ололовска