Рама: Албанија води војна со Ковид-19 на два фронта

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама од собраниската говорница денеска оцени дека земјата води војна со Ковид-19 на два фронта. Според него, битката со здравјето Албанија ја добива а ќе ја добие и со економијата.

-Јас знам да го кажам ова, дека ниту една земја во светот не направи ништо повеќе отколку што направивме ние. Ништо повеќе. Не случајно е што Албанија се рангира меѓу државите со најлесните рани во однос на многу други земји со различна големина и можности. За среќа, се најдовме во ситуација кога имавме привилегија да се повикаме на експертиза на високо ниво, на онаа на Комитетот на експерти, кој со спроведената стратегија, докажа дека во овие услови Албанија нема кому да му завидува. Не сум бил во можност да прочитам ниту еден светски експерт кој кажал нешто ново или непознато за нашите експерти. Јасно е дека оваа војна има два фронта, фронтот на соочување на линијата на огнот и непријателот во телото на нашите луѓе и фронтот на битката за економски опстанок денес и закрепнувањето утре, рече Рама.

Тој додаде дека Албанија ја добива битката на здравствениот фронт и оти ќе ја добие и во економијата, се разбира „со жртва и трпеливост, но ќе победиме и во двете битки“.

Според него доколку Владата не ги презела мерките и доколку граѓаните не ги спровеле, Албанија би имала 2.800 жртви.

– Доколку не ги воведовме мерките и не ги почитуваа повеќето Албанци, ќе имаме 2.800 мртви. Владите се оценуваат за она што го прават и за она што тие го спречуваат да се случи, рече Рама.

Тој зборуваше и за Предлог-измените во кривичниот законик што денеска треба да ги усвои парламентот а со кој се предвидуваат високи затворски казни за оние кои не ги почитуваат мерките при прогласена вонредна состојба во земјата.

Казните, додаде тој, не се за народот туку за поединци кои не ги почитуваат мерките и се опасност за народот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“