Рама: Албанија нема да крева ѕидови, но нема ни да ги отвори границите

Од:

Засега нема показатели дека по затворањето на балканската бегалска рута, мигрантите од Грција би можеле да се упатат кон Албанија, изјави албанскиот премиер Еди Рама, додавајќи дека и ако се случи тоа, Тирана „нема да крева ѕидови“, но нема ни да ги отвори своите граници.

– Доколку ги отвориме границите товарот ќе биде уште поголем, потенцира Рама во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Тој изнесува пофалби за напорите на властите во Македонија и Србија, поради тоа што „обезбедија превоз и храна за стотиците илјади беггалци и мигранти“, кои преку балканската рута патуваа кон земјите од ЕУ.

– Западниот Балкан се покажа поевропски од многу земји членки на ЕУ, кои за време на бегалската криза презентираа страотини призори, вели Рама во интервјуто за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек