Радовановиќ: Денешниот земјотрес не е главниот, ова е само подготовка

Од:

Романија денеска ја погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а сеизмологот Славица Радовановиќ од Србија вели дека овој земјотрес бил плиток и не бил силен.

„Според моето искуство, не само што не би рекла дека е главен, ова е само еден сегмент од долготрајната подготовка за голем земјотрес во Романија“, изјави денеска Радовановиќ веднаш по земјотресот во Романија.

Радовановиќ во неколку изјави предупреди дека на Романија и се заканува силен земјотрес.

Денешниот земјотрес е почувствуван во Вршац и во Белград.

Земјотресот се случил на длабочина од 8 километри, на 73 километри североисточно од градот Дробета-Турну Северин на југозападот на земјата, а во близина на границата со Србија и 14 километри северозападно од градот Таргу Зију. Земјотресот е почувствуван и во Белград.

Министерството за внатрешни работи потврди дека земјотресот бил почувствуван и во Србија, кое го објави на својата страница на Инстаграм.

По земјотресот од 5,2, Романија половина час подоцна беше погодена од земјотрес со јачина од 3 степени.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски