Радев: Испраќањето воена помош за Украина може да предизвика глобален конфликт

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека воената помош за Украина може да предизвика глобален конфликт и повика на прекин на испораката на оружје за Киев. Радев во интервју за радио Дарик предупреди дека снабдувањето со оружје на Киев значи дека, како што рече, пожарот се гаси со бензин и дека ќе има уште многу жртви.

Бугарскиот претседател посочи дека воената помош за Киев подразбира дека конфликтот „мора да се води додека едната од страните не биде целосно поразена“, што неминовно и постепено води до глобален конфликт и можност за нуклеарно самоуништување.

Радев истакна дека затоа неговата земја не треба да испраќа оружје за да го разгори конфликтот во Украина.

Бугарскиот претседател предупреди дека воениот конфликт во Украина станува се понасилен и води кон исцрпеност и глобална економска катастрофа.

Германскиот весник „Велт“ пред два дена обелодени дека поранешниот премиер Петков минатата година извршил тајна операција за снабдување на Украина – без знаење на коалициските партнери. Се верува дека во еден момент Бугарија и испорачувала на Украина третина од муницијата и 40 отсто од нафтата. Во 2022 година Киев неофицијално побарал помош од Софија бидејќи на украинската армија и снемало гориво и муниција од советско производство. Оружјето и дизелот не оделе директно, туку преку фирми посредници во Бугарија и странство, а се транспортирале по воздушен и копнен пат преку Романија, Унгарија и Полска.

Би можело да ве интересира

Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право

Предраг Петровиќ

Румен Радев му го врачи на ГЕРБ-СДС мандатот за формирање влада

Мицкоски: Подготвени сме за разговор, не е добрососедство ако едната страна е понижена, а другата ликува

Радев: Новата влада во Скопје покажа дека има проблем да го препознае постоењето на „Бугарин“ и „бугарско“

Катерина Ѓуровски

Радев: Желбата на Македонија за дијалог е позитивен знак

Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат

Горан Наумовски