Радев и Ердоган разговараа за хуманитарните аспекти на војната во Украина

Од:

Претседателот на Бугарија Румен Радев оствари телефонски разговор со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, соопшти прес-службата на Радев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев го повика својот турски колега Ердоган да ги координира активностите за евакуација на бугарските и турските екипажи на бродовите блокирани во украинските пристаништа во Азовското и Црното Море пред да се постигне мировен договор во Украина.

Во моментов на територијата на Украина има два блокирани бугарски брода – „Рожен“, на пристаништето Черноморск во Црното Море и „Царевна“ – на пристаништето Мариупол во Азовско Море.

Двајцата разговараа за заеднички и навремени напори за извлекување на бугарските и турските морнари од воената зона во Украина.

Во разговорот со Ердоган, Радев ја изрази желбата на Бугарија за засилено енергетско партнерство и обезбедување алтернативни испораки на енергија од Турција додека се продлабочува конфликтот во Украина.

Радев упати честитки за дипломатските напори на турскиот претседател Ердоган да посредува во решавањето на воениот конфликт во Украина.

Радев и Ердоган го коментираа фактот дека бугарско-турската економска трговска размена од 6,5 милијарди долари не одговара на можностите и има голем потенцијал за развој на билатералната соработка во економијата, меѓусебните инвестиции, енергетиката и безбедноста.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор