Путин предупреди: Блискиот Исток е на работ на општа војна

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека Блискиот Исток е на работ на општа војна.

Тој ја спореди ситуацијата таму со верижна реакција, нагласувајќи дека борбите што започнаа во Газа се проширија и во други земји, вклучувајќи го и Либан.

Коментирајќи ја ескалацијата на насилството во тој регион на состанокот на БРИКС во Казан, Путин посочи дека хуманитарната ситуација на Блискиот Исток се влошува, дека бројот на раселени лица надмина 1,5 милиони и дека инфраструктурата – вклучувајќи станбени згради, училишта и болниците – претрпеле огромни штети, пренесува Тасс.

Тој исто така нагласи дека насилството нема да престане додека не се создаде независна држава Палестина и не се почитуваат резолуциите на ОН.

Рускиот претседател ја истакна потребата од имплементација на решение за две држави како клучен услов за враќање на мирот и стабилноста.

Според него, повеќе од 40.000 луѓе, од кои повеќето се цивили, загинале во тековните борби во Газа.

Путин истакна дека дијалогот и соработката меѓу различните актери се клучни за постигнување мир и стабилност во тој регион.

На крајот, претседателот на Русија го повтори своето противење на „терористичките активности“ и посочи дека Русија отсекогаш била против насилството и уништувањето што се случуваат во регионот на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Што значи новата руска нуклеарна доктрина што ја потпиша Путин

Олаф Шолц: Ставовите на Путин за војната во Украина не се променети

Путин: НАТО влегува во војна со Русија

Горан Наумовски

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски