Путин и Еродган ќе разговараат и за возобнова на проектот „Турски поток“

Од:

Возобновувањето на проектот за изградба на гасоводот „Турски поток“, укинувањето на ембаргото за чартер летови и за увоз на стоки, начините за надминување на кризата во Сирија и борбата против тероризмот, ќе бидат главни теми на средбата меѓу претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, што ќе се одржи на 9 август во Санкт Петербург, јави ТАСС. 

Како што соопшти советникот на Путин, Јуриј Ушаков, прироритет на средбата ќе биде „воспоставување на нормално ниво на билатерална соработка во полиитчката, трговско-економската, енегретската и во други сфери“. 

Тој нагласи дека на средбата во Санкт Петербурх нема да бидат потпишани никакви договори, но дека сепак таа е од исклучително значење, бидејќи ќе биде прва меѓу двајцата претседатели по заладувањето на билатералните односи по урувањето на рускиот авион од страна на турските сили над границата со Сирија лани во ноември.

– Главна цел на средбата е двајцата претседатели да постигнат зваемно разбирање за многу прашања, како билатерални, така и за оние поврзани со меѓународната и регионалната политика и посебно за состојбата во Сирија, рече Ушаков. 

Ушаков најави дека следната година би можела да се одржи уште една средба меѓу Путин и Ердоган, доколку во Санкт Петербург биде постигнат договор за одржување на заседание на Советот за соработка на високо ниво, во кој се вклучени клучните министри од владите на Русија и Турција и со кој претседаваат шефовите на двете држави.

Би можело да ве интересира

Вучиќ утре ќе го отвори гасоводот „Турски тек“ во Србија

Турски поток значително го намали транзитот на руски гас преку Украина

Ана Ололовска

Вучиќ, Путин, Ердоган и Борисов утре на отворање на Турски поток

Радев: Бугарија дава пари за „Турски поток“

Ана Ололовска

Од 1 јануари почнува транзитната испорака на природен гас од „Турски поток“ кон Грција и Северна Македонија

Ана Ололовска

Газпром: Турски поток почнува со работа во декември

Ана Ололовска