Пусиќ патува за Каиро поради киднапираниот Хрват

Од:

Хрватската министерка за надворешни и европски работи Весна Пусиќ ќе отпатува во Каиро заради киднапираниот Хрват од страна на Исламска држава, која се закани дека ќе го обезглави Томислав Салопек ако египетската Влада не ги исполни нејзините барања.

– Првата потпретседателка на Влада и министерка за надворешни и европски раноти Весна Пусиќ е во контакт со египетскиот министер за надворешни работи и во согласност со договорот со него и препораките ќе отпатува за Каиро, се посочува во соопштението од хрватското МНР, пренесува Хина.

Египетскиот огранок на Исламска држава се закани дека ќе го обезглави Хрватот кој работи за една француска компанија, а беше киднапиран кон крајот на јули во предградие на Каиро, ако египетските власти не ги ослободат уапсените муслиманки.

На видео-снимка објавена вчера на интернет се гледа маж кој клечи во пустина, а зад него има маж со качулка на глава и облечен во маскирна униформа, држи нож, а до него се вее знамето на ИД.

Хрватот облечен во портокалова облека, како и сите заробеници на ИД, чита порака на англиски јазик. Тој се претставува како Томислав Салопек, оженет и 30-годишен татко на две деца. Тој вели дека групата Синајска провинција, египетски огранок на ИД, го киднапирала на 22 јули.

Салопек наведува дека киднаперите ќе го убијат во рок од 48 часа доколку египетската Влада не ги ослободи „муслиманските жени“ од затвор, иако не прецизира кога почнува одбројувањето.

Заробеникот изјави и дека работи за француската компанија „Женерал жеосјанс“ (General Geoscience – CGG).

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб